SportM
Фудбал

Неверојатниот тинејџер по заминувањето во Реал Мадрид испрати подароци до сите вработени во поранешниот клуб

Д М3 сеп 2021
Неверојатниот тинејџер по заминувањето во Реал Мадрид испрати подароци до сите вработени во поранешниот клуб

Талентираниот играч за врска Едуардо Камавинга (18) стана нов фудбалер на Реал Мадрид.

18-годишниот фудбалер потпиша петгодишен договор со кралевите, во чии редови доаѓа од тимот на Рен.

Камавинга порасна во овој клуб како фудбалер. Ги помина младите категории и како 16-годишник дебитираше за првиот тим.

Овој клуб ќе остане засекогаш во неговото срце, а по заминувањето во Реал Мадрид, одлучи да ги почести сите вработени во клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eduardo Celmi Camavinga (@camavinga)

На секој од нив ќе му испрати дрес на Реал Мадрид. Тој ќе подели вкупно 166 дресови и ова дефинитивно е одличен потег на младиот фудбалер.

Камавинга е најмладиот фудбалер што играл за Рен во историјата на клубот (16 години и еден месец), а доби и шанса во француската репрезентација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eduardo Celmi Camavinga (@camavinga)

Тој постигна гол на својот втор настап за националниот тим и стана најмладиот фудбалер што го направил тоа од Морис Гастигер во 1914 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.