Connect with us

Ракомет

Неверојатно, илјадници луѓе излегоа на улиците на Загреб да ги пречекаат „сребрените“ од СП (ВИДЕО)

Хрватската ракометна репрезентација по Светското првенство каде го освои второто место и го освои сребрениот медал, се врати во Загреб. Хрватите одиграа фантастично првенство и стигнаа до финалето, каде беа поразени од моќната Данска со 32:26, ​​со што го освоија четвртиот последователен златен медал на светските првенства.

Денеска во Загреб им беше приреден спектакуларен пречек на хрватските херои, а веднаш по слетувањето на аеродромот ракометарите продолжија кон плоштадот Бан Јелачиќ каде беа собрани десетици илјади навивачи.