SportM
Фудбал

Неверојатно: Ирански фудбалер изведувајќи аут фрли топка 45,6 метри (ВИДЕО)

Редакција19 авг 2026
Неверојатно: Ирански фудбалер изведувајќи аут фрли топка 45,6 метри (ВИДЕО)

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади повторно воодушеви со својот необичен начин на изведување аут. Дефанзивецот на Спартак Кострома против Уфа направи преден салто и ја фрли топката неверојатни 45,6 метри. Според RuStat, тоа е најдолгиот измерен аут во првите две нивоа на рускиот фудбал од 2021 година. Целата траекторија на движење на топкат абила вкупно 51,7 метри и достигнала висина од 10,8 метри. Мохамади техниката ја усовршувал со години, а како дете тренирал гимнастика.

Тој тврди дека во кариерата има повеќе од десет асистенции по вакви изведени аутови. Неговата техника е целосно дозволена според правилата на IFAB, доколку се исполнети сите услови за изведување аут. Во 2020 година тој дури постигна и гол од ваков аут, откако топката го допре голманот. Сепак, неговиот резултат не е светски рекорд, бидејќи Мајкл Луис има аут од 59,817 метри. Мохамади сепак останува рекордер на RuStat за руските први две фудбалски лиги.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.