Неверојатно, Лионел Меси го промаши вториот пенал, Египет води (ВИДЕО)

Лионел Меси го промаши вториот пенал на Светското првенство, откако во 19. минута од осминафиналниот натпревар против Египет, голманот Шобаир го одбрани неговиот удар од белата точка.
Откако беше непрецизен и против Австрија во групната фаза, најдобриот аргентински фудбалер повторно не се прослави при изведувањето пенал, овојпат против Египет.
Во 17. минута Талијафико падна во шеснаесетникот по контакт со противнички играч, а судијата Летексие веднаш покажа на белата точка.
AMAMOS! Messi errou o gol de pênalti contra o Egito. #ARGxEGI pic.twitter.com/uzebk6Ln4y
— QG do POP (@QGdoPOP) July 7, 2026
Меси ја презеде одговорноста, но Шобаир одлично го прочита неговиот удар и успеа да го одбрани.
Со овој промашен пенал, Меси стана првиот фудбалер во историјата кој промашил два пенали на едно Светско првенство.
Инаку, Египет на средината од првото полувреме изненадувачки води со 1:0, а стрелец на голот беше Јасер.



