Фудбал
Неверојатно, Милан се согласил да го продаде еден од најдобрите играчи во Саудиска Арабија за 30 милиони евра!

Дефанзивецот на Милан, Тео Хернандез може да се пресели во Ал-Хилал.
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека, миланезите го одобрија трансферот на 27-годишниот Французин во саудискиот клуб за 30 милиони евра.
Во исто време, самиот фудбалер ќе добие четири пати повисока плата отколку во Милано. Конечната одлука се очекува да биде донесена во следните два дена.
Минатата сезона Хернандез одигра 49 натпревари, постигна пет голови и шест асистенции.