Connect with us

Фудбал

Невидена сцена, целиот тим на Монако излезе по гаќи на пистата, еве ја причината (ВИДЕО)

Цел тин на Монако само по долен веш излегол на писта. Имено, во авионот настанала неподнослива жештина, па играчите морале да се соблечат до долна облека и се обидувале да се разладат мафтајќи со облеката.

Несекојдневните сцени ги снимил Џордан Тезе и ги објавил на Снепчет, а на снимките неговите соиграчи изгледале како да се во сауна.

По излегувањето од авионот, дел од тимот бил виден полугол на пистата, а летот на крајот бил откажан.

Играчите се вратија дома и беше одлучено да тргнат за Белгија дури на денот на натпреварот.
Тренерот Ади Хитер порача дека безбедноста била пред сè, па во договор со управата била донесена одлука да се одложи патувањето.

И покрај непријатностите, тој е уверен дека неговиот тим ќе ја отвори европската сезона подготвено.