Невообичаена најава на Сари за утрешното дерби: „Ова е најлошото натпреварување во светот“

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари одржа прес-конференција пред утрешното гостување кај Милан во четвртфиналето на Купот на Италија.
По натпреварот со Фиорентина во Серија А, избраниците на Сари се свртуваат кон важен дуел на Сан Сиро. Италијанскиот стручњак знае дека ќе биде доста тешко за неговиот тим, се надева дека ќе стигне до полуфиналето, но интересно ја предизвика конкуренцијата.
„Купот на Италија е едно од најнеспортските натпреварувања во светот со здрепка која никој не знае кога и кој ја прави, но ова е натпреварување кое им помага на одредени тимови да добијат шанса да бидат на телевизија“, рече Сари, додавајќи :
„Овој натпревар доаѓа во вистинско време и за нас и за Милан. Победивме тешки натпревари кои ни дадоа голема самодоверба. Гладни сме и подготвени да играме против силен тим кој се бори за Скудетото“.
Сари исто така смета дека играчите на Милан можеби Купот го гледаат како споредна цел покрај шампионатот, но за него и неговите играчи тоа е една од главните цели.
„Ние сме во таква ситуација, не можеме да го избереме натпреварувањето и овој Куп е важен за нас“, додаде Сари.
Лацио е во добра форма. Неодамна ја победи Фиорентина на гости со 2:0, претходно извлече бод против Аталанта и ја победи Салернитана на гости со 3:0.
Небесносините се шести на табелата со 39 бодови и се уште се во игра за првите четири места. Нивниот утрешен ривал Милан е втор на табелата со бод зад водечкиот Интер, но и натпревар повеќе.
Она што е важно да се истакне, и двете екипи имаат проблеми со повреди пред утрешниот дуел, но веќе покажаа дека и ослабените можат да парираат на најдобрите и да постигнат најдобри резултати.
Утре вечер на Сан Сиро од 21 часот се игра дуелот меѓу Милан и Сан Сиро, а победник во полуфиналето ќе биде Интер или Рома, во зависност од тоа кој ќе биде поуспешен вечерва на „Џузепе Меаца“.



