Нико Паз и уште две имиња. Тројца кандидати кај Аргентина за да „заменат“ Меси

Сега кога епохата на Лионел Меси официјално заврши, во Аргентина имаат не мала и важна дилема за решавање.
Сега е дилемата кој ќе го замени Лионел Меси и ќе го наследи симболичниот број „10“? Дилема за техничкиот тим на репрезентацијата и АФА (Фудбалската асоцијација на Аргентина), особено имајќи предвид дека во Барселона, на пример, дресот со бројот 10 на Меси премина кај Ансу Фати, со резултат што сите го знаеме…
Но, зошто овој број е толку важен? Прво и основно, постои спортскиот аспект, но и симболичната вредност на носење на бројот 10 на Меси, или друга легенда на Аргентина, Диего Марадона.
Првото име на листата за да го носи бројот 10 е Нико Паз, кој блискаво настапува во Комо, но сè уште му недостасува искуство на највисоките нивоа. Двете имиња кои се поврзуваа неодамна се Лаутаро Мартинес и Џулијан Алварез.
Мартинес го носи бројот 10 во Интер и веќе има одличен биланс како со клубот така и со репрезентацијата, па затоа се споменува како кандидат за да ја преземе штафетата од Меси. Сепак, неговата позиција на теренот е напредна во споредба со таа на Меси.
Џулијан Алварез е уште еден претендент за да го наследи историскиот број. Напаѓачот на Атлетико Мадрид има способност да игра во поназадни делови од теренот, преземајќи покреативни улоги отколку само како класичен централен напаѓач.



