SportM
Фудбал

Никој како Роналдо: Најдобар стрелец во историјата

Д М3 фев 2021
Никој како Роналдо: Најдобар стрелец во историјата

Португалската супер ѕвезда Кристијано Роналдо ги постигна двата гола во победата на Јувентус на првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија против Интер 2:1, но не само што ја турна Старата дама кон финалето, туку влезе и во историјата на фудбалот.

Со овие два гола, Роналдо стигна до бројката од 763 гола на официјалните натпревари во дресовите на Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Спортинг и португалската репрезентација. На тој начин тој ја престигна вечната листа на стрелци на Јозеф Бикан со 762. на првото место. Исто толку има и Пеле.

Веднаш му честитаа од Реал Мадрид за ова големо достигнување, чиј дрес го носеше девет години и таму го постигна најголемиот број од тие 763 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.