SportM
Фудбал

Никој не го очекуваше овој потег: Емануел Адебајор избра нов тим

Д М7 фев 2020
Никој не го очекуваше овој потег: Емануел Адебајор избра нов тим

Емануел Адебајор најде нов клуб.

Искусниот 35-годишен напаѓач ја продолжува кариерата во Парагвај, каде ќе го носи дресот на Олимпија од Асунсион.

Според извештаите на медиумите од оваа земја, Адебајор ќе се приклучи на овој тим многу наскоро и повторно ќе игра со парагвајската фудбалска легенда Роке Санта Круз (38) во врвот на нападот.

Дуото еднаш играше заедно во редовите на Манчестер Сити од 2009 до 2012 година и очигледно сега повторно ќе работи заедно.

Адебајор се поврзуваше со бројни екипи во претходниот преоден рок. Сепак, тој на крајот не ги потпиша договорите, а потоа пристигна понудата на Олимпија.

Ќе видиме дали навистина на крајот ќе заврши во Парагвај. Олимпија сака да го засили тимот поради учеството во Копа Либертадорес, и така веќе е ангажиран членот на репрезентацијата на Парагвај, Дерлис Гонзалез.

Адебајор играше за големи клубови во својата богата кариера и покрај Сити, тој играше за Монако, Тотенхем, Арсенал, Реал Мадрид, Милан, а последниот ангажман го имаше во турскиот Кајзериспор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.