SportM
Фудбал

Никој не зборуваше поладно од Томас Милер за заминувањето на Левандовски

Д М24 јул 2022
Никој не зборуваше поладно од Томас Милер за заминувањето на Левандовски

Роберт Левандовски по осум години го напушти Баерн Минхен.

Легендарниот Полјак реши кариерата да ја продолжи во Барселона, а германскиот шампион за неговите услуги инкасира 45 милиони евра.

Томас Мулер проговори за заминувањето на Левандовски. Тоа очигледно не му пречи премногу на искусниот напаѓач, но истакнува дека нема да биде исто без Лева.

“Сите се согласија дека тој ќе го напушти клубот. Очигледно има одредени причини поради кои тој реши да си замине. Не знаеме што ќе се случи и како ќе изгледа се бидејќи си замина играч кој постигнуваше од 30 до 50 гола по сезона”. рече Мулер и додаде:

„Нема да играме со десет затоа што тој си замина. Се разбира, многу топки отидоа кон него и сега другите играчи ќе имаат повеќе шанси да постигнат голови“; – истакна Мулер.

Роберт Левандовски одигра 375 натпревари за баварскиот гигант, постигна 344 гола и освои се што можеше.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.