Никој ништо не му може – Сите си заминаа, Алегри останува!

Масимилијано Алегри ќе остане тренер на Јувентус барем до крајот на сезоната, иако синоќа си поднесе оставка целиот Управен одбор на тој клуб.
Целиот Управен одбор на Јувентус, на чело со претседателот Андреа Ањели, поднесе оставка во понеделникот, по обвинувањата за зголемување на вредноста на трансферите, како и криење на платите на своите играчи и вработени за време на пандемијата на корона вирусот.
Како што пренесува сајтот Калчомеркато, сопствениците на Јувентус побарале од Ањели и спортскиот директор Федерико Черубини да останат на своите позиции до крајот на сезоната.
Минатата година Алегри потпиша договор до 2025 година вреден седум милиони евра годишно. Ањели е голем пријател со Алегри и лобираше тренерот да се врати во Торино. Ањели го поддржуваше тренерот во текот на целата сезона, иако црно-белите веќе беа елиминирани од Лигата на шампионите во октомври, а многу навивачи бараа негово заминување.
Според извештајот, Алегри „изразил сомнеж на човечко ниво“ кога бил информиран дека членовите на бордот ќе поднесат оставки, но се согласил да остане на клупата барем до крајот на сезоната.
Во понеделникот Алегри имаше средба со Черубини за стратегијата во јануарскиот преоден рок, но по неколку часа се пропадна, кога Ањели и останатите девет членови на управата поднесоа оставки.



