Фудбал
Николче Новески до Мрме: Репрезентацијата е над секој личен интерес!
Откако Горан Пандев се огласи и остро му одговори на Игор Ангеловски на прозивките упатени на адреса на првиот човек на ФФМ, но и раководството на федерацијата, се огласи и Николче Новески. Легендарниот македонски фудбалер, кој сега е дел од ФФМ, му порача на Мрме дека сега не е време за поделби, туку репрезентацијата треба да има целосна поддршка, бидејќи во март ја очекува бараж за пласман на СП.
-Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во футбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ќе покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план. Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби. Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија, порача Новески, кој е дел од раководството на ФФМ.