SportM
Фудбал

Ништо слично не може да се запамети: Роналдо доби монструозна понуда, а Португалецот веднаш одговори

Д М12 сеп 2022
Ништо слично не може да се запамети: Роналдо доби монструозна понуда, а Португалецот веднаш одговори

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо имаше можност за само две сезони да заработи вистинско богатство, но реши да остане во Манчестер Јунајтед.

Роналдо во кариерата заработил стотици милиони евра, па парите не биле пресудни за него, иако 99 отсто од фудбалерите со раширени раце би ја прифатиле оваа понуда.

За што се работи? Португалските медиуми тврдат дека неименуван клуб од Саудиска Арабија на Роналдо му понудил дури 242 милиони евра. Тоа значеше дека поранешниот играч на Реал Мадрид и Јувентус ќе заработува 2,3 милиони евра неделно (!), но тој одбил.

Претседателот на Лигата на Саудиска Арабија зборуваше за „Атлетик“ за обидот да потпише со петкратниот добитник на Златната топка. Би сакале играч како Кристијано Роналдо да игра во нашата лига“, изјави Јасер Ал-Мишехал.

„Убеден сум дека трансферот ќе биде многу скап, но имаше и други играчи кои ја напуштија Премиер лигата и дојдоа во нашата земја“, додава претседателот, не исклучувајќи дека саудискиот клуб ќе се врати во борбата за Роналдо во зима.

Роналдо немаше најдобар старт во новата сезона, откако по шест одиграни натпревари во Премиер лигата нема ниту гол ниту асистенции, што е незамисливо за играч од таков калибар. На неговата форма влијаат прилично напредните години, но и повеќемесечната трансфер сага.

37-годишниот играч сакаше да го напушти Манчестер и да се пресели во клуб каде што ќе игра во Лигата на шампионите, но на крајот остана во Манчестер на инсистирање на новиот тренер Ерик тен Хаг.

Јунајтед исто така имаше катастрофален почеток на сезоната, но забележа неколку победи во Премиер лигата и сега е на петтото место со 12 бода. По поразите од Брајтон и Брентфорд, Јунајтед забележа четири последователни победи, меѓу другите победи и против Ливерпул и Арсенал.

Што се однесува до Европската лига, „црвените ѓаволи“ минатиот четврток неочекувано загубија со 1:0 од Реал Сосиедад на „Олд Трафорд“, а сега ќе гостуваат кај молдавскиот Шериф, каде сигурно ќе бидат огромни фаворити и ќе имаат добри шанси да дојдат до првите бодови во конкуренција.

Се очекува Роналдо да стартува, но тоа на крајот ќе биде одлука на Тен Хаг.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.