Ниту еден играч пред Халанд не успеа да постигне 15 голови во Лигата на шампионите толку брзо
Д М24 ное 2020

Ерлинг Халанд вечерва постигна уште еден гол.
Борусија Дортмунд е домаќин на Клуб Бриж во натпреварот од 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите и домаќинот успеа да поведе благодарение на Халанд.
Во 18-та минута, по додавањето на Санчо, тој излезе пред голманот на белгискиот тим и погоди безбедно.
Тоа беше 15-ти погодок на Халанд во Лигата на шампионите и со тоа влезе во историјата на ова натпреварување бидејќи ниту еден играч пред него не успеа толку брзо да стигне до тој број на голови. Му беа потребни само 12 натпревари за да го стори тоа.
Со оглед на неговата форма, не се сомневаме дека тој ќе сруши уште многу рекорди оваа сезона.
Борусија Дортмунд моментално води со 2:0, а вториот гол го постигна Санчо од слободен удар.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



