SportM
Фудбал

Ниту ПСЖ ниту Реал Мадрид: Мбапе конечно откри за кого навива

Д М24 мај 2022
Ниту ПСЖ ниту Реал Мадрид: Мбапе конечно откри за кого навива

Иако во собата ги имаше постерите на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид, Кралскиот клуб не е оној кој Килијан Мбапе го поддржуваше како дете.

Во интервју за италијанската Газета дело Спорт, Мбапе откри дека Милан е всушност клубот за кој навивал како дете и дека сега ужива гледајќи ги натпреварите на популарните Росоњери.

„Мојот однос со Милан е посебен. Како дете имав италијанска дадилка и поминував многу време со нејзиното семејство, сите навиваа за Милан“, изјави Мбапе.

Благодарение на нив, јас исто така навивав за Росонерите и гледав многу натпревари за овој клуб“, додаде францускиот напаѓач.

„Ако некогаш играм во Италија, тоа ќе биде Милан.

„Во тој тим играат многу мои пријатели од Франција, а тука е и Златан Ибрахимовиќ, легенда која многу ја почитувам“, изјави фудбалерот на ПСЖ.

Мбапе претходно изјави дека сака да игра за Реал Мадрид, дека тоа е клубот од соништата, но на крајот реши да остане во ПСЖ.

“Одлуката беше тешка, но сакав да играм фудбал овде. Притисокот? Го имам од мал. Навикнат сум на тоа. Останувам играч, никогаш нема да ја надминам таа позиција”, изјави Мбапе.

“Точно е дека сакав да заминам, но сега е поинаку. Франција е земјата во која сакам да живеам, тоа е мојата земја. Клубот исто така сака да промени многу работи на спортски план. Мојата приказна овде не е завршена”.

Мбапе доби околу 115 милиони евра само за да го продолжи договорот со ПСЖ, а месечната плата ќе му биде дури 5 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.