Ноер: Германија имаше свои минути на натпреварот со Холандија
Д М14 окт 2018

Голманот на германската фудбалска репрезентација Мануел Ноер изрази разочарување од поразот од Холандија (0:3) во натпреварот Лига на нации.
Според него, Германија имаше можност дури и да победи на овој меч.
– Ние не ги искористивме нашите моменти и можности. Имавме многу шанси да постигнеме гол и да го отвориме резултатот. Тогаш можеби ќе беше поинаку. И на крајот од средбата направивме грешки по кои примивме голови, изјави Ноер.
Германија за прв пат во својата историја е во серија од три натпревари без постигнат гол.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



