Ноер поради операција долго ќе биде надвор од терените
Д М7 фев 2022

Голманот на Баерн Минхен, поради операција ќе биде надвор од фудбалските терени месец до месец и половина, објави новинарот Флоријан Плетенберг на Твитер.
Местото на Ноер во баварскиот тим ќе го заземе резервниот голман Свен Улрајх.
Според Плетенберг, преговорите за продолжување на договорот на 35-годишниот Ноер ќе продолжат. Договорот на играчот со клубот од Минхен е со важност до 30 јуни 2023 година.
Ноер вчера беше опериран на десното колено. Голманот оваа сезона забележа 28 настапи за Баерн и прими 28 гола.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



