Нојер против Аугсбург го понижи Мане како никој во неговата кариера

Садио Мане требаше да биде најголемото засилување на Баерн во последните години, но работите не одат според планот за Сенегалецот.
Почетокот беше повеќе од ветувачки бидејќи постигна три гола на воведните три натпревари во Бундеслигата додека Баварците ги декласираа своите ривали, но после тоа тој стана непрепознатлив.
Мане без сомнение е еден од најдобрите играчи во светот, но адаптацијата на новата средина и соиграчите е се поголем и поголем проблем за одличниот напаѓач.
Баерн во саботата го претрпе првиот првенствен пораз. Аугусбург победи со минимални 1:0, а Мане, кој барем на хартија требаше да биде напаѓач, беше непрепознатлив.
За работите да бидат уште полоши за Мане, Сенегалецот го претрпе можеби најголемото понижување во кариерата кога станува збор за офанзивните перформанси.

Имено, на дуелот против Аугусбург, голманот Мануел Нојер имаше повеќе обиди кон голот од Мане, што навистина звучи неверојатно со оглед на огромните разлики во играчките карактеристики.
Искусниот чувар на мрежата имаше два удари кон противничкиот гол, од кои удар со глава во судиското надополнување можеше да донесе израмнување, додека поранешниот напаѓач на Ливерпул има само еден обид.
Oui, Manuel Neuer a failli égaliser pour le Bayern en toute fin de match. Mais le gardien d’Augsburg était vigilant sur sa ligne 🥶 pic.twitter.com/8agJZax7HH
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) September 17, 2022
Мане се соочува со се пожестоки критики, особено поради лошите резултати на неговиот тим. Истото важи и за тренерот Џулијан Нагелсман, кој се уште не го пронашол рецептот за правилно користење на Сенегалецот.
Овој 30-годишник повремено би бил во напад дури и додека играл на „Енфилд“, но ова е сосема ново искуство за него и ќе мора да најде излез од кризата, во спротивно наместо засилување ќе стане неуспех.
Многумина се скептични за системот 4-2-2-2 на Нагелсман, кој очигледно не функционира во Бундеслигата, па може да се каже дека репрезентативната пауза за Баерн доаѓа во најдобар можен момент.
Баерн оди на септемвриска пауза со три бода зад Борусија Дортмунд, што е сè само не недостижно. Позитивно е што и во двата меча од Лигата на шампионите беа забележани триумфи, па нокаут фазата е веќе на дофат.



