SportM
Фудбал

Ноќ полна со емоции во Франкфурт: Капитенот ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Д М17 јан 2021
Ноќ полна со емоции во Франкфурт: Капитенот ја заврши кариерата (ВИДЕО)

Давид Абрахам, капитенот на Ајнтрахт Франкфурт, се прости од фудбалот по вечерашната победа над Шалке (3:1).

Шоуто му припадна на Лука Јовиќ, кој постигна два гола иако влезе од клупата и се врати на најдобар начин по лошата епизода во Реал Мадрид.

Дејвид Абрахам, капитенот на домашниот тим кој се збогуваше на 34-годишна возраст, исто така имаше свои пет минути.

Тој ги одигра сите 90 минути во одбраната на Ајнтрахт, а по завршувањето на мечот следеше официјално „збогум“ на најважната споредна работа во светот.

Во својата кариера го освои Купот на Германија со Ајнтрахт, три пати беше шампион на Швајцарија со Базел, а двапати го освои и Купот на Швајцарија со истата екипа.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.