Нов болен удар за Левандовски

Роберт Левандовски очајно сака да го напушти Баерн ова лето.
Сепак, нешто се прашува и Баерн, со кој капитенот на Полска има договор до јуни 2023 година.
Баерн Минхен испрати нова порака до Роберт Левандовски преку извршниот директор на Баварците, Оливер Кан, кој повтори дека не е загрижен што полскиот напаѓач може да го напушти тимот бидејќи е под договор со Баерн.
Поранешниот одличен голман вели дека Левандовски ги анализира понудите кои пристигнале во последно време, меѓу кои и онаа од Барселона.
Сепак, Оливер Кан вели дека Левандовски не може да си замине додека има договор и му порача на Полјакот дека се очекува негова средба со тимот.
„Што се однесува до Роберт Левандовски, не е многу променето, тој има договор кој е со важност до 2023 година и сакаме да биде со нас на првиот ден од тренинзите.
Роберт ги гледа понудите што ги има од Барселона и другите тимови, но мора да потсетиме дека има договор со Баерн, што е многу важно. Не сме загрижени“, изјави Оливер Кан, пренесува Мундо Депортиво.
Да потсетиме, Баерн денеска го ангажираше Садио Мане од Ливерпул, но се чини дека тоа не менува ништо кога е во прашање статусот на Роберт Левандовски.



