Нов пораз за Црвена звезда, срам за Лацио, страшна ноќ за Штурм

Од 18:45 часот се одиграа осум натпревари од второто коло во Лига Европа.
Во групата Х, Црвена звезда го забележа вториот пораз во новата сезона од групната фаза.
Белградскиот клуб беше поразен на гостувањето кај Трабзонспор со резултат 2:1 во натпревар каде турскиот тим беше подобар и заслужено на крајот победи.
Трабзонспор поведе во 16. минута со голот на искусниот Марек Хамшик, а асистент беше Трезеге.
Звезда се обиде со некои акции да направи нешто напред, но сето тоа падна во вода во 63. минута кога Кангва доби втор жолт картон и гостите од Белград останаа со играч помалку.
Турскиот тим веднаш ја користи бројчаната предност на теренот и Трезеге по асистенција на првиот гол во 68. минута самиот постигнува гол за 2:0 на асистенција на Бакасетас.
Звезда успеа малку да го подгрее натпреварот, кога Николиќ во 89. минута намали на 2:1, Мусатафа асистираше и тоа беше конечниот резултат на вечерашниот натпревар.
Интересно беше и на останатите дуели, каде што се издвојува срамот на Лацио, но и на тимот на Штурм.
Група Е:
Шериф – Манчестер Јунајтед 0:2
Реал Сосиедад – Омонија 2:1
Група Ф:
Феенорд – Штурм 6:0
Мидтиланд – Лацио 5:1
Група Г:
Олимпијакос – Фрајбург 0:3
Карабаг – Нант 3:0
Група H:
Монако – Ференцварош 0:1



