Connect with us

Фудбал

Нов потпис во Интер

Интер денес објави дека новиот играч на тимот стана 19-годишниот напаѓач Даријан Малеш.

Швајцарскиот напаѓач со српски корени потпиша петгодишен договор со Интер, а меѓу „нероаѕурите“ доаѓа од тимот на Луцерн, кој доби пет милиони евра.

Минатата сезона, овој фудбалер одигра 19 натпревари во Швајцарската Супер лига. Постигна четири гола и имаше четири асистенции, но го привлече вниманието на Интер, кој на крајот го потпиша.

Следната сезона Малеш веројатно ќе ја помине на позајмица во Џенова, но тоа сè уште не е официјално.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com