Connect with us

Фудбал

Нов скандал ја тресе Италија со обложување на натпревари, под истрага фудбалери на Јувентус, Аталанта, Фиорентина…

Повеќе од десет фудбалери во италијанското национално првенство се под истрага за нелегално обложување во неколку различни спортови, вклучително и фудбал, јавија денеска локалните медиуми.

Истрагата вклучува нелегално обложување до 2023 година.

Вклучени се и двајца фудбалери кои веќе одлежаа казни за претходниот скандал со обложувалниците, а тоа се Италијанците Сандро Тонали и Николо Фаџоли, додаде полицијата.

Меѓу другите вклучени играчи се Вестон Мекени од Јувентус, уште еден играч на Фиорентина, Николо Заниоло, членот на Аталанта, Раул Беланова, како и Аргентинецот Анхел Ди Марија, кој сега настапува за Бенфика.

Фудбалерите се под истрага за обложување на нелегални платформи за обложување и покер, како и за нивно рекламирање меѓу други фудбалери.

Полицијата, исто така, објави дека, покрај обложувањето на нелегални платформи, Фаџоли и Тонали наводно дејствувале како „собирачи на облози“ и биле „наградени со бонуси на нивните сметки за игри“ и „со отпишување на претходни долгови“.

Останатите инволвирани во аферата се под истрага исклучиво поради нелегални облози. Ги има вкупно 20, а меѓу нив не се само фудбалери, туку и други спортисти.