Connect with us

Тајмаут

Нов скандал на Олимпијадата: Австралиски олимпиец уапсен додека купувал кокаин

Австралискиот олимпиец Том Крег (28) е уапсен во Париз додека купувал кокаин и е во притвор. Крег, кој ја претставува својата репрезентација во хокеј на трева, бил уапсен синоќа околу полноќ на улиците на Париз, а како што пренесува FranceInfo, полицијата го затекнала како купува грам кокаин од дилер. Полицијата ги уапсила дилерот и Крег, а сега е во тек истрага од одделот за наркотици на париската полиција. „Можеме да потврдиме дека член на хокеарскиот тим е во притвор откако беше уапсен во Париз. Засега не добивме никакви информации за обвинението“, соопшти Австралискиот олимписки комитет.