SportM
Фудбал

Нов скандал на СП во САД: На фудбалер на Иран му истече визата по првиот одигран меч!

Редакција16 јун 2026
Нов скандал на СП во САД: На фудбалер на Иран му истече визата по првиот одигран меч!

Светското првенство повторно покажа дека политиката и спортот често се испреплетени. Иднината на иранскиот репрезентативец Мехди Тораби на турнирот е неизвесна откако иранските медиуми објавија дека неговата американска виза истекла веднаш по натпреварот со Нов Зеланд (2:2).

За разлика од соиграчите кои добиле визи со повеќекратен влез, Тораби имал виза за еднократен влез во САД. Иранската фудбалска федерација итно побарала издавање нова виза за играчот да може да го продолжи настапот на Светското првенство.

Ова не е прв административен проблем за Иран на Светското првенство. Според иранските медиуми, САД одбиле да издадат визи за 15 членови на иранската делегација, меѓу кои имало функционери и административен персонал.

Одлуката дополнително ги отежнала подготовките и логистиката на репрезентацијата, која поради политичките тензии е сместена во Мексико и патува во САД само за натпреварите.

Иранската фудбалска федерација претходно го обвини Вашингтон за дискриминаторски однос и побара реакција од ФИФА

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.