Нов убедлив пораз од Швајцарија, без шут во рамките на голот, 10 примени, ниту еден постигнат гол на четири меча

Македонската фудбалска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во групата откако вечерва загуби од Швајцарија со 3:0 во Луцерн. И во четвртиот натпревар македонската репрезентација остана без постигнат гол, а таа серија трае седум натпревари.
Швајцарија поведе во 43.минута по грешката на македонската одбрана, а стрелец на голот беше Фабијан Ридер. На 2:0 зголеми Јохан Манзамби во 73.минута по грешката на нашиот голман Столе Димитриевски, а конечните 3:0 ги постави Дан Ндоје во 81.минута.
На вториот дуел во групата Словенија како гостин ја победи Шкотска со 2:1.
Македонскиот национален тим е последен во групата со скор 0:10, а Швајцарија е прва со 12 бода, Словенија има 7, а Шкотска 4.
Следниот натпревар нашите фудбалери го играат на гости против Шкотска на 13.ноември.



