SportM
Фудбал

Нова камера на Ноу Камп: Го снимија Меси како „не го жали“ Дембел (ВИДЕО)

Д М1 фев 2021
Нова камера на Ноу Камп: Го снимија Меси како „не го жали“ Дембел (ВИДЕО)

Барселона го победи Атлетик Билбао со 2:1 и со тоа се изедначи со Реал Мадрид на второто место.

Големо внимание во Шпанија привлече новата камера, која одблизу ги покажува прославата и реакциите на играчите по постигнатиот гол.

Вториот гол за Каталонците го постигна Антоан Гризман и сите негови соиграчи истрчаа кон Французинот за да му го честитаат голот.

Внимание привлекоа деталите за тоа како Меси неколкупати го удри Дембел, кој немаше друг избор освен да го трпи својот капитен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.