SportM
Фудбал

Нова сезона, стариот Баерн, Баварците ја победија Борусија Дортмунд и го освоија првиот трофеј (ВИДЕО)

SPORTM.mk22 авг 2026
Нова сезона, стариот Баерн, Баварците ја победија Борусија Дортмунд и го освоија првиот трофеј (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја започна новата сезона успешно, победувајќи со 1-2 против Борусија Дортмунд, во финалето на Суперкупот на Германија, одиграно на “Сигнал Идуна Парк”.

Финалето беше отворено во 28-мата минута, кога летното засилување, Натаниел Браун постигна гол, по асистенција од Олисе. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Ова е првиот гол за Браун во дресот на Баерн Минхен, по летниот трансфер за 55 милиони евра од Ајнтрахт Франкфурт. Во 37-мата минута, Баерн беше блиску до вториот гол со Луис Диаз, но Грегор Кобел направи фантастична одбрана.

На крајот од првото полувреме, Рами Бенсебаини постигна гол за Дортмунд, но голот беше поништен поради офсајд. Мајкл Олисе зголеми за баварците во продолжението на првото полувреме. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Во 75-тата минута, натпреварот се отвори повторно, по постигнатиот гол од Фабио Силва, по брз контранапад на жолто-црните и асистенција од Даниел Свенсон. ПОГЛЕДНИ ГО ГОЛОТ

Во продолжението, жолто-црните останаа со играч помалку по црвениот картон на Алжирецот Бенсебаини, поради груб фаул над Саибари. Резултатот не се промени до крајот, Баерн Минхен победува со 1-2 и го освојува првиот трофеј за оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.