Нова шлаканица за Каталонците: Не го раскина договорот, а Луис Суарез веќе има нов клуб?

Напаѓачот на Уругвај, Луис Суарез, речиси сигурно ќе ја напушти Барселона ова лето.
Новиот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман, вчера му рече на Суарез дека нема да смета на него во новата сезона, и дека може да бара нов клуб. Холанѓанецот го стори тоа со телефонски повик кој траеше помалку од една минута.
Суарез не се пожали многу и само рече дека нема да му направи проблем на клубот и дека ќе замине доколку биде вишок. На навивачите на Барселона воопшто не им се допаѓа таквата одлука затоа што веруваат дека на крајот на краиштата Суарез не заслужи да ја напушти Барселона на таков начин.
Сепак, сигурно е дека нема да му биде тешко да пронајде нов клуб бидејќи неколку екипи веќе покажале интерес за него. „РАЦ 1“ пишува дека Суарез веќе добил понуда од ПСЖ, и дека најверојатно ќе патува за Париз.
Парижаните сакаат да го доведат Суарез затоа што знаат каков напаѓач е, а многумина веруваат дека Нејмар исто така „побарал“ тоа да се случи. Се чини дека повторно ќе ги видиме Нејмар и Суарез во истиот клуб, но не и во дресот во кој тоа го замислуваа навивачите на Барселона.
Да ги влоши работите за нив Суарез ќе отпатува во ПСЖ како слободен агент бидејќи се очекува да го раскине договорот со Барселона во наредниот период.



