Други спортови
Новак Ѓоковиќ со емотивно писмо до целата нација!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во неделата го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз и веднаш објави дека тоа е најголемиот спортски успех во неговата кариера. Без разлика што досега „однесе“ 24 грен слем, 39 мастерс и многу други титули, за него златото е најважно за Србија.
Затоа преку Инстаграм им се обрати на сите во Србија и објави емотивно писмо. На овој начин сакаше уште еднаш да им се заблагодари на сите во Србија што се покрај него и веруваат дека во петтиот настап на Олимписките игри ќе го добие толку посакуваното злато. Мораше да се справи со тој притисок и покажа дека затоа е поголем од сите.
„Никогаш не би можел да се откажам од сонот да освојам златен медал, исто како што српскиот народ никогаш не се откажа од мене. Заедно верувавме во невозможното. И иако можеби јас сум тој што го носи медалот, сакам секој Србин да знае дека е на секој од нас претставувањето на репрезентацијата е најголемата чест во светот – ништо не би било можно без вашата безрезервна поддршка, напиша Ѓоковиќ по освојувањето на медалот.