SportM
Фудбал

Нови проблеми за Барселона, се повреди летното засилување, ќе го нема до ноември

E R9 авг 2021
Нови проблеми за Барселона, се повреди летното засилување, ќе го нема до ноември

Проблемите за Барселона не застануваат. Откако замина Лионел Меси, тренерот Роналд Куман ќе биде и без летното засилување Серхио Агуеро. Тој се повредил на вчерашниот тренинг, па според информациите нема да може да игра се до ноември.

-Штета навистина што се повреди. Мораме да почекаме да се опорави, но ова е чекор назад за него бидејќи тренираше многу добро. Иако е во фудбалски години, сепак тој има уште многу да понуди, изјави тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Куман како што е познато не може да смета на услугите на Ансу Фати, Осман Дембеле, а иако се врати Филипе Кутињо не конкурираше за синоќешниот меч со Јувентус.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.