Нови проблеми за Пирло и Јувентус
Д М23 ное 2020

Европските великани кои имаат голем број репрезентативци почнуваат да ги чувствуваат последиците од преполнетиот распоред.
Имено, Јувентус денес остана без Мерих Демирал, што е голем проблем за Андреа Пирло, кој не може да смета на половина од одбраната од претходно.
Одличниот Турчин им се придружи на искусните Џорѓо Кјелини и Леонардо Бонучи, па така Матијас Де Лихт е единствениот класичен стопер со кој располага Пирло.
Утрово Јувентус потврди повреда на мускулите на десната нога кај младиот дефанзивец кој ќе паузира десет дена.
Демирал сигурно ќе го пропушти првенствениот дуел против Беневенто и натпреварите од Лигата на шампионите против Ференцварош и Динамо Киев.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



