SportM
Фудбал

Нови тектонски поместувања на трансфер пазарот: Еден од најголемите трансфери досега е на повидок

Д М2 фев 2022
Нови тектонски поместувања на трансфер пазарот: Еден од најголемите трансфери досега е на повидок

На Вест Хем Јунајтед ќе му биде тешко да го задржи Деклан Рајс на лето.

23-годишниот дефанзивен играч за врска, кој по потреба може да игра и на стоперската позиција, со своите игри полуде многу клубови.

Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди дури 120 милиони евра за неговите услуги на лето, а сега во трката за неговиот потпис се вклучија и Челзи и Манчестер Сити.

Ќе видиме дали плановите на „црвените ѓаволи“ можат да го уништат Челзи чиј член Рајс бил како тинејџер. Зимскиот преоден рок штотуку заврши, а се чини дека не очекува жешко лето кога се трансферите во прашање.

Доколку се случи трансфер од 120 милиони евра, тој би бил шести по големина во историјата на фудбалот.

Договорот на Рајс со Вест Хем е обврзувачки до летото 2024 година, па лондонскиот клуб сигурно нема да брза да го продаде и очекува да заработи големи пари за него.

Иако има само 23 години, Рајс веќе забележа 27 настапи за репрезентацијата на Англија и постигна два гола.

Интересно, во помладите категории настапуваше за репрезентацијата на Република Ирска, а одигра и три пријателски натпревари за А селекцијата на оваа земја во 2018 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.