SportM
Фудбал

Новинарите го налутија Гатузо: Ќе одам во Кувајт, ќе најдам нова работа за две минути!

Д М29 јан 2021
Новинарите го налутија Гатузо: Ќе одам во Кувајт, ќе најдам нова работа за две минути!

Наполи синоќа ја победи Специја со 4:2 и се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија.

По нешто послабите настапи во шампионатот, Наполи постигна четири гола против Специја за 45 минути и е во игра за трофејот во Купот, а Гатузо сепак беше дочекан со прашање за можно откажување по натпреварот.

 
“Зошто не прашувате други тренери? Јас нема да поднесам оставка, претседателот на клубот ме увери дека нема да ме предомисли, но не ми требаат никакви гаранции. Јас сум вработен тука, па ако ме променат, тоа е. Јас сум единствениот кој игра четири години по ред полуфинале во купот, но не слушнав ниту еден убав збор. Само критика. Во Милан, гинев за клубот, но имаше недостаток на самодоверба. Ќе видиме како ќе биде тука во Наполи“, рече Гатузо, додавајќи:

“Би сакал да видам како би било Интер да остане без Лукаку и Лаутаро. Имаме многу повредени важни играчи, но никој не го споменува тоа”.

Гатузо додаде дека дури и да го напушти Наполи, многу брзо ќе најде нова работа.

“Ако го победиме Јувентус, ќе се искачиме на третото место на табелата, но и тоа нема да биде доволно. Нема проблем, ќе работам тука додека не ме отпуштат, но можам да најдам работа во Кувајт или било каде, за две минути. Како играч ги освоив сите најважни трофеи, ќе видиме како ќе завршам како тренер “, додаде Гатузо.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.