Новинарот го постави прашањето, а Гвардиола изгледаше како да сака да го убие

Вчера се одигра дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити.
Победата ја оствари екипата на Ливерпул, иако гостите беа големи фаворити на овој меч.
Натпреварот беше навистина одличен, со голем број шанси на двете страни, а гостите имаа поконкретни шанси.
Фоден дури постигна гол на половина од вториот дел, но тој беше поништен по консултација со ВАР собата.
Причината беше тоа што Халанд на почетокот на акцијата направи прекршок над Фабињо, а на крајот голот беше поништен, а тоа не им се допадна на играчите на гостинската екипа.
Стрелец на единствениот гол беше Салах и со тоа му донесе три бода на својот тим, но тешко дека ќе можеше да ја добие таа шанса доколку Кансело не погрешеше.
Имено, фудбалерот, кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата, погрешно го процени летот на топката, па му даде цикер на Салах, кој лесно го искористи тоа.
По натпреварот, тренерите на двата тима дадоа свои видувања за играта, а интересна ситуација се случи кога Пеп Гвардиола разговараше со новинар.
Имено, Гвардиола изјави дека една грешка го решила натпреварот, а новинарот како да сака да го испровоцира тренерот на Манчестер Сити праша „каква грешка е тоа“, алудирајќи дека на натпреварот биле направени многу грешки.
Во тој момент Гвардиола го промени изразот на лицето бидејќи не можеше да поверува што го прашува репортерот, а изгледаше како во еден момент да сака да го удри репортерот.
Pep Guardiola looks shocked when Geoff Shreeves asks what the mistake that Man City made was
byu/ProgressForwards insoccer



