Поврзи се со нас

Фудбал

Новиот играч на Манчестер Јунајтед позитивен на коронавирус

Новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Алекс Телес е позитивен на коронавирус.

Тој пристигна во Манчестер Јунајтед од Порто на почетокот на овој месец, но синоќа не играше против Лајпциг и сега е јасно зошто.

“Тестот беше позитивен и тој веќе неколку дена е надвор од тимот. Нема никакви симптоми и веруваме дека ќе биде добро и наскоро ќе се врати”, рече Солскјаер.

Телес успеа да одигра еден натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед, а тоа е натпревар на гостински терен против ПСЖ.

Пред Телес, само еден фудбалер на Манчестер Јунајтед беше позитивен на коронавирус, а тоа беше Пол Погба.

loading...

Facebook