Connect with us

Фудбал

Новиот капитен на Барселона пристигна во домот на Меси: Никој не верува дека навистина е готово

Лионел Меси повеќе не е играч на Барселона.

Каталонскиот клуб вчера го шокираше светот објавувајќи дека Меси нема да продолжи да работи со Барса и Аргентинецот ќе го носи дресот на друг клуб за прв пат во својата кариера.

Навивачите на Барселона се во шок. Останаа без човек кој им донесе многу радост, а играчите на каталонскиот тим не можат да поверуваат дека Меси повеќе нема да биде со нив.

Со заминувањето на Меси, нов капитен на клубот ќе биде Серхио Бускетс. Заменици се Жерар Пике и Сержи Роберто, а новиот капитен одлучи денеска да го посети Меси.

Бускетс денеска пристигна во домот на Лионел Меси, а неговата сопруга Елена се прости од Лео Антонела на Инстаграм.

“Пријатели, не можете ни да претпоставите каква празнина оставате во моето срце, но далечината нема да ни биде пречка. Го сакаме вашето семејство и ви посакуваме се најдобро во вашиот нов живот”, напишала Елена.

Фаворит за доведување на Меси во клубот е ПСЖ, но се поврзува и со одење во Челзи.

Меси најверојатно наскоро ќе се огласи, кој беше шокиран и изненаден откако клубот објави дека соработката со него нема да се продолжи.