Connect with us

Фудбал

Новиот рекорд на Меси

Барселона се врати на терените синоќа, по тримесечна пауза. Каталонците беа гости во 28-то коло од Ла Лига во Палма де Мајорка и славеа победа од 0:4.

И во победата на Барселона против Мајорка, тој исто така, како и останатите, брилијантен беше Лионел Меси.

Капитенот на Барселона постигна еден гол, забележа две асистенции и создаде неколку поголеми шанси за своите соиграчи.

Меси синоќа постави нов рекорд.

Имено, против Мајорка тој го постигна својот дваесетти гол оваа сезона на Ла Лига и со тоа стана единствениот играч во историјата на шпанскиот шампионат кој постигна 12 или повеќе голови во 12 последователни сезони.

Лионел Меси во моментов е најдобар стрелец во Ла Лига со 20 погодоци, исто како што е најдобар асистент во шпанскиот шампионат со вкупно 14 асистенции.