Новиот спортски директор по стапките на Марота: Четири големи ѕвезди бесплатно пристигнуваат во Јувентус
Д М10 окт 2018

Џузепе Бепе Марота за две недели официјално ќе ја напушти функцијата извршен директор на Јувентус, а негов наследник веќе скоро сигурно ќе биде неговата досегашна десна рака, Фабио Паратичи.
Марота е познат по бесплатното доведување на големи имиња во торинскиот клуб. Андреа Пирло, Пол Погба, Сами Кедира, Емре Џан се само некои од имињата.
Паратичи планира да продолжи таму каде што застана Марота, а во редовите на Јувентус според пишувањето на весникот Кориере ди Торино, планира бесплатно да се засили со уште неколку звучни имиња.
На листата на Паратичи се Адриен Рабио, Анхел Ди Марија, Ентони Марсијал и Матео Дармијан.
Претставникот на Јувентус наводно веќе ги направил првите чекори кон доведување на овие играчи.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



