Новите сопственици на Њукасл во дилема, бираат меѓу четири тренери
Д М21 апр 2020

Саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој неодамна го купи Њукасл, ги разгледува опциите за нов тренер од следната сезона.
Актуелниот тренер Стив Брус ќе има можност да го докаже своето ниво, но новите сопственици очекуваат следната сезона да привлечат стручњак за повисоко ниво.
Тие работат на четири кандидати: Маурисио Покетино, Масимилијано Алегри, Рафаел Бенитез и Лусиен Фавр.
Новото раководство на клубот смета дека тие можат да направат понуда и да достават проект за привлекување на потенцијалниот кандидат за тренерската функција, како што направи Евертон со Карло Анчелоти. Главната цел е Покетино.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



