SportM
Фудбал

НОВО ХИТ ВИДЕО: Роналдо преврќа очи по советите на Сари

Д М4 јул 2020
НОВО ХИТ ВИДЕО: Роналдо преврќа очи по советите на Сари

Јувентус го победи Торино со 4:1 во градското дерби. Еден од стрелците беше Кристијано Роналдо кој постигна гол од слободен удар.

Роналдо го прекина постот кој траеше две и пол години со исклучително убав гол од слободен удар, но во текот на првото полувреме беше доста незадоволен.

Одличниот Португалец практично немаше никакви шанси во првите 45 минути, што го направи многу незадоволен. Тој дури и зборуваше за тоа во една прилика со тренерот Маурицио Сари.

Откако Роналдо се приближи до Сари и тренерот почна да му објаснува работи и му дава инструкции, реакцијата на денешниот најпопуларен играч јасно укажа на незадоволство.

Имено, Роналдо ја сврте главата во друга насока и буквално ги преврте очите. Камерите го снимаа сето тоа и за ова сигурно ќе се зборува во наредните денови во Апенините.

Видеото можете да го погледнете тука.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.