SportM
Кошарка

Ново шоу на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Редакција12 дек 2025
Ново шоу на Никола Јокиќ (ВИДЕО)

Екипата на Денвер беше единствената екипа ноќеска што постигна гостинска победа со убедливи 136:105 го совлада Сакраменто, а прв играч на дуелот беше повторно српскиот репрезентативец Никола Јокиќ. Тој дуелот го заврши со 36 поени, 12 скокови, 8 асистенции и со извонреден шут од игра 14/16 за нешто под 30 минути минати на теренот. Јокиќ реализираше и две „тројки“. Тој беше на чекор до „трипл-дабл“, но тренерот го повлече од игра.

Прашањето на победникот беше решен во првиот период кога Денвер оствари недостижна предност, а Јокиќ „запиша“ 16 поени. Одлични соиграчи имаше во Вотсон со 21 поен, Џонсон со 16 и Валанчунас со 15.

Резултати на ноќешните натпревари: Хјустон – ЛА Клиперс 115:113, Милвоки – Бостон 116:101, Њу Орлеанс – Детроит 143:120 и Сакраменто – Денвер 105:136.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.