Новото засилување на Њукасл пристигна од Лондон
Д М22 авг 2023

Фудбалерот на Челзи, Луис Хол до крајот на сезоната ќе игра како позајмен во Њукасл, соопштија денеска од клубот.
Младиот англиски репрезентативец стана петтото засилување на Њукасл во летниот преоден рок.
Њукасл ќе може да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната, а се проценува дека трансферот би изнесувал 41 милион евра.
18-годишниот дефанзивец има 12 настапи за првиот тим на Челзи.
Њукасл во првите две кола од Премиер лигата забележа победа против Астон Вила (5:1) и пораз од Манчестер Сити (0:1).
Во следното коло Њукасл го пречекува Ливерпул.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



