Нож во грб за Јувентус: Договорено големо предавство на торинскиот клуб, а главната улога ја има Дибала

Тимот на Интер наводно му понудил договор на ѕвездата на Јувентус, Дибала.
Аргентинскиот напаѓач се уште не се договорил за условите од новиот договор со Јувентус. Преговорите не донесоа резултат, а во зделката сега е вклучен и актуелниот шампион Интер.
Така барем тврди италијанскиот новинар Даниеле Мари, кој ги донесе и деталите од договорот што „нероаѕурите“ му го понудиле на 28-годишниот аргентински фудбалер.
На маса е петгодишен договор вреден седум и пол милиони евра годишно, а тоа е за нијанса подобра понуда од онаа што му ја понуди Старата дама. Торинскиот тим му нуди тригодишен договор вреден седум милиони евра годишно со дополнителни бонуси.
Директорот на Интер, Бепе Марота е убеден дека Дибала би можел да заврши на Џузепе Меаца и неговиот трансфер во редовите на големиот ривал сигурно ќе дигне голема прашина.
Трансферот сигурно би бил означен како предавство меѓу навивачите на Јувентус, бидејќи приклучувањето кон еден од најголемите ривали едноставно не може да се прости, а за Јувентус Дибала би забил нож во грб со заминувањето во Интер.
Пауло Дибала е член на Јувентус од 2015 година. Тој пристигна од Палермо и играше навистина феноменален фудбал.
Вкупно, 28-годишниот Аргентинец одигра 281 пат за Старата дама на Торино и постигна 112 гола.



