SportM
Фудбал

Њукасл ја оживува кариерата на сопнатата ѕвезда

Д М21 јан 2022
Њукасл ја оживува кариерата на сопнатата ѕвезда

Њукасл Јунајтед ќе се обиде да ангажира неколку засилувања на крајот од преодниот рок.

Многубројни фудбалери се поврзуваат со доаѓањето во редовите на страчките, а меѓу нив е и играчот на Тотенхем, Деле Али.

Наводно, Њукасл започнал преговори со Тотенхем и Али за трансферот на овој фудбалер и ќе видиме дали тој ќе влезе во тимот на Еди Хау.

Али некогаш важеше за голема надеж на англискиот фудбал. Имаше период во кој играше феноменално, но во последните две сезони има видлив пад во формата и Али игра многу слабо.

Оваа сезона, 25-годишниот играч од средниот ред не е во прв план со менаџерот на Спарс, Антонио Конте. Тој играше 18 пати и има само два старта во Премиер лигата од септември.

Али со години беше незаменлив член на првиот тим. Тој одигра 269 натпревари и постигна 67 голови.

https://youtu.be/XnctAmhXHZY

Да потсетиме, Њукасл во јануарскиот преоден рок досега ги доведе Крис Вуд и Киеран Трипие.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.