SportM
Фудбал

Њукасл Јунајтед носи четворица играчи од великаните кои трагаат по стара слава

Д М6 јан 2022
Њукасл Јунајтед носи четворица играчи од великаните кои трагаат по стара слава

Њукасл Јунајтед брзо бара нови играчи кои ќе ја зголемат конкуренцијата во тимот.

Првиот трансфер е веќе завршен. Нов играч на „Страчките“ ќе биде Киеран Трипие, додека на големо се шпекулира за други засилувања.

Во средата се појави малку неверојатна вест дека Њукасл сака дури четворица играчи од истиот клуб.

Станува збор за квартет од Арсенал, англиски великан кој ја бара својата стара слава во последните години кога освојуваше титули и беше конкурентен во Европа.

Според Мирор, играчите кои ги бара тимот од Сент Џејмс Парк се Пјер-Емерик Обамејанг, Еди Нкетиа, Мохамед Елнени и Роб Холдинг.

Очигледно и тие не би имале ништо против трансфери, со оглед на тоа дека сигурно ќе гарантираа одлична заработка, но веројатно поголема минутажа отколку на Емирати.

Сигурно е малку невообичаено да се види како Њукасл тропа на вратата на Арсенал со толку голема самодоверба, што не беше баш вообичаена појава во претходните години.

Сепак, и Арсенал и другите великани ќе мора да се навикнат на понудите на „Страчките“, кои неодамна станаа најбогатиот клуб во светот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.