SportM
Фудбал

Њукасл носи две големи засилувања во финишот од преодниот рок?

Д М24 јан 2022
Њукасл носи две големи засилувања во финишот од преодниот рок?

Њукасл стана еден од најбогатите клубови во светот пред неколку месеци откако саудискиот принц Мохамед Бин Салман го купи клубот.

Навивачите на овој клуб веруваа дека експресно ќе стане еден од најдобрите тимови во Англија, но јасно е дека Њукасл има долг пат да помине.

Овој клуб го очекува голема борба за опстанок во ПЛ, која во моментов е главна цел, а дури на лето Њукасл треба да почне да добива звучни засилувања и голема промена во играчкиот кадар.

„Страчките“ во јануарскиот преоден рок успеаја да ги доведат Киеран Трипие од Атлетико Мадрид и Крис Вуд од Барнли, но јасно е дека им треба уште некое засилување доколку сакаат да останат во ПЛ.

Њукасл се обиде да донесе неколку големи засилувања на почетокот на преодниот рок, но многумина го одбија клубот, велејќи дека не сакаат да играат во тим кој се бори за опстанок.

Сепак, се чини дека челниците на Њукасл конечно успеаја да најдат две големи засилувања во ПЛ. Според англиските медиуми, тие се многу блиску до доаѓање во клубот, Џеси Лингард кој речиси сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед овој јануари.

Лингард во Њукасл ќе дојде на позајмица до крајот на оваа сезона, а на лето ќе може да потпише договор со нив како слободен играч бидејќи му истекува соработката со „црвените ѓаволи“.

Но, Лингард не е единствениот играч со кој Њукасл моментално преговара. Овој клуб сака да го доведе и Деле Али од Тотенхем, а наводно тој трансфер е многу блиску до реализација.

Али не е стандарден во Тотенхем по доаѓањето на Антонио Конте и реши дека е време за промена, а многумина веруваат дека Њукасл е вистинскиот тим во кој може да ја оживее кариерата.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.