SportM
Фудбал

Њукасл подготви терен за феноменален трансфер

Д М30 јул 2022
Њукасл подготви терен за феноменален трансфер

На пат е одличен трансфер на Островот.

Според The ​​Telegraph, Џејмс Медисон (25) би можел да ја продолжи кариерата во Њукасл.

„Страчките“ се подготвени да потрошат 40 милиони фунти за играчот на Лестер, кој е желба и на Арсенал, но понудата на Њукасл е поконкретна, но и поголема.

Медисон има договор со Лестер до јуни 2024 година, но во последно време се почесто се пишува дека не е многу среќен во редовите на Лисиците.

Англискиот играч за врска пред три години беше на мета на Манчестер Сити, но целата ситуација со коронавирусот го наруши споменатиот трансфер.

Тој дојде во Лестер во јули 2018 година од Норич, а забележа само еден настап за репрезентацијата на Англија.

Наводно Њукасл на име на овој трансфер би му додал бонус на Лестер, а се шпекулира дека покрај парите, Лисиците би добиле и уште еден фудбалер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.