Connect with us

Фудбал

Њукасл тргна по напаѓачот, позната е неговата цена

Њукасл полека го подготвува теренот за новата сезона.

Страчките дојдоа во мирно засолниште со одлични игри на почетокот на 2022 година и се на мал чекор од опстанокот во Премиер лигата.

Полека почнуваат да ги фрлаат коцките за нови предизвици, а според медиумите на Островот се блиску до договор со Брентфорд околу трансферот на напаѓачот Иван Тони (26).

Тони оваа сезона постигна 14 гола во ПЛ, а Њукасл би му платил на Бретнфорд околу 50 милиони фунти што секако би ја наполнило касата на лондонскиот клуб кој би можел да заштеди за шопинг за летото.

Во Њукасл сметаат дека Тони и Вуд би биле одлична комбинација во нападот, а страчките ќе одат и по еден играч од средниот ред, но имињата се уште не се споменуваат.

На ова да додадеме дека Иван Тони го привлече вниманието пред две години со одличните игри во Чемпионшип каде беше најдобар стрелец.

Реклама

Facebook